Општи услови за патување

ОВИЕ ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ / ДОГОВОР е склучен од страна на и помеѓу:
1. Екотурист.мк, компанија прописно организирана според законите на Република Македонија, со своја канцеларија на улица, Бул. Авној бр.46/3, 1000 Скопје, Македонија(во понатамошниот текст како “организаторот”); и
2. [Клиентот], учесник во патувањето (во понатамошниот текст како “патник”)
Овој договор ги опишува детално одговорностите и условите на екотурист.мк и клиентот. Ве молиме да го прочитате документот во целост. Со означување на полето се согласувам со ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ
1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот на програмата. Содржината на аранжманот ќе се исполни како што е опишано, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не може да се предвиди (војна, тероризам, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми со транспортот, или слично).
2. РЕЗЕРВАЦИИ-ДОГОВОР И ПЛАЌАЊЕ
Резервација-договорот за патување е готов кога сите места се пополнети, со авансно плаќање на трошоците доделен на секоја програма. Резервација може да се направи во екотурист.мк, и други агенции овластени за продажба на нејзините програми. Кога резервира, патникот ја плаќа вкупната цена на аранжманот однапред. Доколку патникот одлучи да се откаже од патувањето трошоците ќе бидат платени во согласност со клаузула 6 “Откажување од патувањето ”. Кога резервира, патникот потпишува договорот со изјава – Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и целосно ги прифаќам, и од тогаш станува правна обврска за организаторот и патникот. Исто така, кога резервирате на нашата страна вие се согласувате да добивате периодични билтени и специјални понуди по електронски пат.
3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Цените за сите патувања се објавени во евра, и автоматски се претвораат во денари според регулативите на валута на девизниот пазар. Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотели, транспорт и други услуги, како и во случај на промени во девизниот пазар. Зголемување на цената до 10% не се бара согласност на патникот (се пресметува на остатокот од уплатата).
Доколку во рок од 5 дена патникот не прати во писмена форма, да го информира организаторот за откажување на патувањето, се смета дека патникот ја прифаќа новата цена.
4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ
Организаторот има право на промена на програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можат да се предвидат, избегнат или отстранат. Патникот има право на враќање на износот на нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или од причини вон контрола на организаторите, организаторот ќе обезбеди сместување за патниците во објект од иста или повисока категорија, без надомест.
Повремено, може да биде неопходно за нас да го откажеме аранжманот, на пример, поради економска неисплатливот за организирање и остварување на аранжманот, (за сите патувања има одредено минимален број на учесници). Ако треба да го сториме тоа, освен што можиме да ви ги вратиме парите, ќе ви понудиме да си одберете друг аранжман во висина на таа цена, ако е достапно ( и плаќање или врќање на пари во однос на разлика на цената) или целосно враќање на сите пари платени на нас. Во случај ако ние сме принудени да го откажеме вашиот аранжман, ќе ве известиме 30 дена пред поаѓање или во најраната и најразумната можна дата од резервирање после 30 дена, освен кога откажувањето е направено како резултат на невообичаени и непредвидливи околности кои се надвор од нашата контрола, последици од кои не може да се избегне колку и да се трудиме за тоа.
Ако сакате да го откажете вашиот одмор или да прифатите алтернатива која ви ја нудиме како резултат на значителна промена, мора да не известите во рамките на времето кое се спомнува да не известите за значителни промени или ако се споменува без временско ограничување, во рок од 14 дена од денот на нашето известување. Ако не го сторите тоа, ние имаме право да претпоставиме дека сакате да ги прифатите новите аранжмани.
5. ПОЛИТИКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ
Патникот може во секое време да се откаже од патувањето и треба да го стори тоа во писмена форма. Денот на писмено известување за откажување претставува основа за пресметка и уплата на таксите за поништување (во однос на основната цена на аранжманот), во согласност со следнава скала:
Доколку патникот го смени датумот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред датумот на поаѓање, ако е можно, организаторот ќе се направи промена на резервацијата и ќе наплати само за трошоците за обработка во износ од 50 € / Евра, по нова резервација.
Во случај ако патникот го откаже аранжманот пред патувањето, од причини што тој не може да ги предвиди, избегне или да ги елиминира (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично) врз основа на важечка потврда од надлежен орган, скалата за такси за поништување (клаузула 6 “Откажување од патувањето ”) не е применливо, но потребно е само да ги плати трошоците кои произлегуваат од откажувањето на аранжманот, направени од страна на организаторот, кој е должен да плати без право на враќање.
Доколку патникот сака дополнително осигурување за горенаведените – непредвидливи причини за откажување на аранжманот, настанати помеѓу потпишувањето на договорот за патување до почетокот на патувањето, препорачуваме стекнување патничко осигурување од осигурителна компанија.
Доколку патникот се откаже од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување) поради причини кои се резултат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично) кои ниту патникот ниту организаторот не може да ги предвиди, избегне или да ги елиминира, организаторот не носи одговорност ниту обврска за враќање на нереализираните услуги, освен ако конечниот давателот на услуги прифаќа да го врати надоместокот.
• за откажување од 30 или повеќе денови: 25%
• За откажување од 29 до 15 дена: 50%
• За откажување од 14 до 01: 90%
• за откажување од 01: 100% и ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговото започнување, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
6. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот е должен да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителот на услугите со внимание и со грижа за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за индивидуален аранжман во програмата и е одговорен за евентуалниот неуспех на обезбедување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неуспех на обезбедување на услуги предизвикани од дејство на “виша сила” и доцнењето на превозот за кои превозникот не е одговорен според важечките прописи и меѓународните конвенции.
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво одбие издавањето на влезна виза или доцнење во издавањето на визата, или ако имигрантските служби на странска земја не одобри влез на еден патник, ниту за други последици како застареноста или губење на патните документи на патниците. во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци. Во овие случаи патникот сам ги плаќа дополнителните трошоци.
7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ
Патникот е должен да се осигура дека неговите документи и предмети ги исполнуваат условите според граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја и земјата на патување, да ги почитуваат правилата во угостителство, хотелски објекти и превозни средства и да соработува со претставникот / придружник кој ги организира услугите. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на организаторот за штетите.
Патниците кои го нарушуваат редот во просториите или возилата може да биде отстранети од аранжманот. Патникот е должен да поседува важечки пасош и да го извести организаторот на потреба од виза за земјата на патувањето (или земји низ кои транзитира) и да се осигура дека има доволно време за стекнување на истото. Патникот е должен да се информира за прописите на странската валута и царината во својата земја и земјита во која патува. Патникот е должен за неговите лични предмети, вклучувајќи документи, парични средства и личен багаж за време на целото патување.
8. ПРЕВОЗ
8-А. ПРЕВОЗ СО АВИОН
Патникот е должен да се прилагоди на транспортот и неговата реализација во согласност со правилата и прописите.
Превозот на патници со авион е регулиран со меѓународните правила на летање и правилата на авионската компанија која во некои случаи може да биде ангажиран од страна на организаторот на патувањето. За сите авионски патувања со редовни линии за патниците се во економска класа. Во счучај на менување на закажаното време на поаѓање од страна на авиокомпанијата и одложување на летот, организаторот на патувањето не сноси одговорност за било какви последици предизвикани од доцнењето. Во овој случај, организаторот ќе продолжи со планот за патување.
Несогласувањето на личните податоци дадени на организаторот на патувањето со податоците од пасошот на патникот (како на пример давање на скратени и непотполни имиња од страна на патникот) често е причина за издавање нов билет, со дополнителни трошоци кои се на товар на патникот или на билетот нема да биде валиден за време на патувањето, тоа може да има сериозни последици за патниците. Патникот е одговорен за својот билет од моментот кога тој го добива од водичот на аеродром или службеникот на агенцијата. Не постои можност за издавање на уште една копија на билетот, ниту пак бординг карта. Патникот во целост ги носи последиците на нивното губење.
8-Б. ПРЕВОЗ СО АВТОБУС
Автобускиот превоз се извршуваат со стандардни туристички автобуси во согласност со прописите и критериумите кои важат во земјите каде е регистриран автобускиот превозник кој е ангажиран од страна на организаторот на патувањето. Како правило, не е можна претходна резервација на седишта за патниците, или утврден начин на замена на седишта дневно за време на патувањата. Исклучок може да биде со некои автобуски патувања и во такви случаи ова патување е регулирано со посебна одредба во програмата на патување. Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, исклучителни услови во сообраќајот, дисфункцијата на истите и сл. организаторот на патувањето не презема никаква одговорност за било која причина што резултира одложувања.
9. БАГАЖ
(Совет од Екотурист.мк за патниците во врска со надоместоците или прописите за вашиот багаж, ве молиме контактирајте го вашиот превозник) .
Патникот има право на багаж од 15 килограми за чартер летовите и 20 кг на редовните летови. Во чартер автобуски превоз, за бесплатен багаж е торба (20 кг) по патник. За секој килограм или екстра торба додаток кој патникот го наплаќа е во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години, во превоз со авион и деца кои не плаќаат билет во автобусот, имаат багаж во согласност со меѓународните правила. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, садови и слични предмети. Патникот одговорен да биде присутен кога се поставуба и презема багажот од возилото. Во текот на спроведувањето на аранжманот патникот е одговорен да се грижи за неговиот багаж. Затоа ви препорачуваме пред да започне патувањето, патникот да си извади патничко осигурување за багажот кое се вади преку осигурителна компанија. Организаторот не е одговорен за уништен или изгубен багаж, како и изгубен багаж и скапоцености за време на престојот во хотелот (препорачуваме наем на сеф на рецепција во хотелот).
10. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА
Патникот е должен да се информира во надлежната здравствена установа во согласност со здравствените прописи за патување во одредени земји (потреба за документ за вакцина или документ за здравјето на патникот). Во случај на болест или незгода во текот на самиот аранжман, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Затоа ви препорачуваме пред почетокот на патувањето, патникот да се стекне со патничко осигурување, преку компанија за осигурување во земјата на потекло.
11. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ
Доколку патникот-закупецот не се согласи на соба / апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана сместување соба / апартман во договорениот објект, опишана во туристички понуди. Ако е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Обично пријавување во собите е од 2:00 часот, а заминување е до 10:00 часот (доколку не е поинаку наведено во правилата на куќата).
12. РЕШАВАЊЕ НА ЖАЛБИ
Во случај на неисправни или ниско ниво на извршување на квалитетот на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, само доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник – носител (потписник) на договорот има право на приговор базиран на договорената услуга, која не била извршена. Организаторот нема да прифати поднесување жалба од група на носителите базирана на истата жалба.
Постапката за поднесување жалба – Жалбата за несоодветна услуга треба да се направи на самото место со претставникот на организаторот, или ако тој / таа не е на располагање жалбата треба да се направи со давателот на услугата. Патникот е должен да соработува со претставникот и обезбедувачот на услугите во добра волја, па причините за приговорот може да се реши. Ако патникот не го прифати предложеното решение за жалбата на самото место, кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да прифати дополнителни барања на патникот и нема да дејствува како одговор на тоа:
– Ако причината за жалбата не е решен, патникот и претставник изготвуваат писмен приговор (извештај).
– Најдоцна во рок од 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го платил на аранжманот, и ја доставува писмената потврда (записник) потпишан од страна на претставникот и било какви сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.
– Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од денот на приемот на жалбата, на местото на продажба. Организаторот може да го одложи датумот на одлуката на жалбата за добивање на целосни информации и проверка на овие барања со давателите на овие услуги. Организаторот ќе се обрати само оние побарувања за кои причинатз за нивното настанување не може да се отстрани од местото на настанување.
– Се додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации на медиумите. Секој неуспех на купувачот-патникот да го стори истото или прекршување на тековната постапка со било каква активност спомената или не, ќе даде причина за одбивање на овие претставки, престанок на тековната постапка и поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот за наплата на штета и нарушена репутација во јавноста.
– Највисоката такса за приговорот може да достигне сума до износот на услугата за која има приговор, не може да се вклучуваат услуги веќе се искористени и за вкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.
13. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ
Во согласност со клаузула 13 од овие услови, купувачот на услугите од одредена програма има право на жалба до организаторот на патувањето. Ако купувачот не е задоволен од одлуката на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на надлежен суд во Република Македонија